Харадинај со остра порака до српскиот генерал

Косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, реагираше на изјавата на началникот на Генералштабот на српската војска, генерал Милан Мојсиловиќ, кој изјави дека Русија како стратешки партнер на Србија ќе продолжи да ја поддржува Србија.

Харадинај на Фејсбук го потсети српскиот генерал дека и Слободан Милошевиќ размислувал како него, но тоа лошо завршило.

– Новиот командант на старата злогласна војска на Србија, Милан Мојсиловиќ, изјавил дека тие ја имаат поддршката на руската војска за предизвиците во Косово. Го потсетуваме дека и Милошевиќ размислуваше исто, но лошо помина. Тие мора да престанат со овие провокации. РХ – напишал Харадинај, пренесува Телеграфи.

Инаку, за време на официјална посета на Москва, началникот на Генералштабот на српската војска рече дека тие внимателно ја анализирале ситуацијата на Косово и Метохија и дека според него едностраните активности на Приштина ја загрозуваат безбедноста.

– Имаме поддршка од високи руски воени претставници за тоа како да постапиме во врска со косовското прашање. Секако дека сме заинтересирани за безбедноста на Србите не само на северот на Косово, туку и низ цела Србија – рече генералот Мојисиловиќ.

Во врска со овие изјави реагираше и косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, велејќи дека „пораките и заканите од Србија кон Косово стануваат се почести“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот