Харадинај: Против мене нема никакво обвинение во Хаг

Рамуш Харадинај
Рамуш Харадинај / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, синоќа ја демантираше изјавата на белградскиот адвокат Предраг Савиќ дека повторно ќе се седне на обвинителна клупа на Специјализираните совети во Хаг, бидејќи против него има потврдено обвинение, што се уште не е обелоденето.

Харадинај на Фејсбук синоќа напиша дека против него не е поведена судска постапка, јави Косово онлајн.

„Почитувани граѓани, некои од нашите медиуми шират лажни вести, чиј извор се српските експоненти. Достоинствено ја бранев чистата војна на ОВК и не сум под никаков судски процес. Продолжувам да работам за да ги бранам вредностите на државата”, напиша Харадинај.

Адвокатот на ветеранската организација на ОВК: Харадинај и Гуцати се во Хаг, обвинети се за попречување правда

Во текот на вчерашниот ден Танјуг ја пренесе изјавата на српскиот адвокат Предраг Савиќ дека Рамуш Харадинај наскоро ќе се најде на обвинителната клупа на Специјализираните комори за Косово.

-Поради правилото „ne bis in idem”, односно дека „никој не може да биде осуден двапати за исто дело”, обвинението ќе биде помало, бидејќи Харадинај нема да може да биде одговорен зошто веќе беше ослободен од обвинение пред Хашкиот трибунал, рече Савиќ.

Савиќ додаде дека е уверен дека Харадинај ќе биде одговорен за наводите што дополнително биле собрани од истражителите.

Рама со поддршка за Тачи: Апсурдниот процес во Хаг ќе стави печат на чистотата на ОВК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот