Харадинај преку Фејсбук ја кажа вистинската причина за неодењето во Прага (ФОТО)

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, денеска посочи дека поради изборни ангажирања, тој нема да присуствува на Самитот во Чешка.

Во реакција на неговиот профил, Харадинај рече дека преку писмо го информирал и чешкиот премиер Андреј Бабиш за таквата одлука, јавува Газета Експрес.

Харадинај вели дека Косово високо ја вреднува посветеноста на Реублика Чешка кон Западен Балкан и европската перспектива на овој регион.

– Почитувани граѓани, Косово влезе во циклус на предвремени избори и ангажирањата кои во ова важно време за земјата ми го оневозможија учеството во работата на Самитот V4 и WB6 под водство на Чешката Република. Преку ова писмо, изразив искрена благодарност до премиерот на Република Чешка, г. Андреј Бабиш, за поканата до премиерот на Косово за да учествува на Самитот и ние високо ја цениме посветеноста на Република Чешка кон Западен Балкан и европската перспектива на регионот. Како Косово, ние ќе продолжиме да бидеме сериозни придонесувачи за мир и стабилност во регионот и кон дијалогот со Србија, кој ќе заврши со взаемно признавање во постојните граници – пишува Харадинај во неговиот Фејсбук профил објавувајќи го и писмото испратено до чешкиот премиер.

Фејсбук
Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот