Харадинај пред Специјалниот суд, реакциите во Приштина: Тој плаќа зошто излезе против поделбата на Косово – Слободен печат
ВестиРегион

Харадинај пред Специјалниот суд, реакциите во Приштина: Тој плаќа зошто излезе против поделбата на Косово

Kосовското Собрание со мнозинство гласови го одобри законот на Специјалниот суд во 2015 година

„Премиерот Рамуш Харадинај ја плаќа цената што се позиционираше силно против сценариото за поделба на Косово. Тој беше најмоќната бариера против ова сценарио”, вака поранешната косовска амбасадорка во Италија, Алма Лама, ја чита поканата до Рамуш Харадинај од Специјалниот суд, пренесува Топ Чанел.

Прогласен претходно невин од страна на Меѓународниот суд во Хаг за наводни злосторства за време на војната во Косово, Харадинај повторно беше повикан од страна на Специјалниот суд, додека таквиот развој претходно не беше предвиден. Изнесувањето на Харадинај пред Судот, кој го разгледува извештајот на Дик Марти, се спротивставува и од претставниците на опозициските партии во Косово.

Заменик-претседателот на Демократското движење на Косово, Љутфи Хазири, изјави за КТВ дека не се очекувало Харадинај да биде повикан од Специјалниот суд.

– Не се очекуваше оние кои некогаш се соочија со правдата да бидат поканети – рече Хазири.

Додека пратеникот од „Иницијатива”, Зафир Бериша, рече дека поканата од Специјалниот суд за премиерот Рамуш Харадинај е исмејување со косовската држава. Околу оставката, но и за поканата на Харадинај да се појави пред Специјалниот суд во Хаг, реагираа и повисоките политички инстанци во Косово.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи преку објава на Фејсбук рече дека жали за случајот на Харадинај, а исто така рече дека Специјалниот суд го поканил и поранешниот шеф на Штабот на ОВК, Бислим Зирапи.

Лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели со жалење дознал од медиумите за поканата до Рамуш Харадинај од Специјалниот суд како и за веста за неговата оставка. Весели вели дека војната на ОВК била чиста и дека тавкото нешто ќе се потврди повторно.

Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти вели дека оставката на Харадинај е задоцнета и пристигна поради погрешни причини.

Реакции пристигнаа и од политичарите од Албанија. Албанскиот претседател Илир Мета во неговата реакција зборува со неверување за притисокот врз Харадинај, по неговата оставка. Во реакција на социјалните мрежи, Мета е убеден во невиноста на Харадинај.

Министерот за Дијаспора, Пандели Мајко оставката на Харадинај од премиерската функција ја оценува како дејствување на државник.
А лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, вели дека „оставката на премиерот Рамуш Харадинај е чин на човек кој ја става татковината над сè”.

Инаку, косовското Собрание со мнозинство гласови го одобри законот на Специјалниот суд во почетокот на август 2015 година, наведувајќи дека институцијата со специјализирани оддели ќе дејствува во Хаг, според косовските закони и со меѓународни обвинители и судии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close