Харадинај: Оваа или другата недела Специјалниот суд ќе ги започне апсењата во Косово

Газета Експрес

Потпретседателот  на Организацијата на воените ветерани во Косово, Насим Харадинај за емисијата „Фронтал“ во косовската телевизија Т7, изјавил дека во текот на ова недела, или наредната недела ќе се случат првите апсења од Специјалниот суд, пренесува Газета Експрес.

Тој вели дека овие информации ги добиле од неколку адвокати, со кои соработуваат и кои работат во Специјализираните комори.

– Според некои адвокати со кои имаме соработка, се очекуваат апсења во текот на оваа и другата недела. Но, доколку не во текот на овие недели, во текот на месецот тоа сигурно ќе се случи – изјавил Харадинај.

Во меѓувреме додека Харадинај ја дал ова изјава, поранешниот командант на Безбедносните сили на Косово, Кадри Кастрати, информирал дека добил покана од Специјалниот суд.

Инаку, според косовските медиуми досега преку 100 лица добиле покани од Специјалниот суд, а дел од интервјуираните биле и важни фигури од политичката сцена во Косово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот