Харадинај: Отворањето на авиолинијата Белград-Приштина е гигантски чекор кон подобрување на добрососедските односи

EPA-EFE/MALTON DIBRA

Косово и Србија денеска потпишаа договор за воспоставување дирктна авионска линија меѓу Белград и Приштина. Потпишувањето на договорот го поздрави и премиерот во должност на Косово, Рамуш Харадинај.

Харадинај на Твитер напиша дека ова е гигантски чекор напред за унапредување на добрососедските односи.

– Иницијатива за отворање на третиот цивилен воздушен пат на Косово за комерцијални летови со Србија, после Албанија и Македонија, е гигантски чекор напред за подобрување на добрососедските односи и консолидација на сувереноста на Косово-, напиша Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот