Харадинај: Никој во САД не ја поддржува поделбата на Косово

EPA-EFE/MALTON DIBRA

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска на прес конференција, по откривањето на споменикот на жртвите на нападот врз Кулите близначки на 11 септември, предупреди на опасноста од „српската пропаганда” против неговата земја заради напорите на Белград да се повлечат признавањата на косовската независност, пишува косовскиот весник „Газета Експрес”.

– Продолжуваат обидите на Србија за укинување на меѓународното признание на суверенитетот на Косово, изјави Харадинај.

Во врска со смената на Џон Болтон од позицијата советник за национална безбедност, кој, според медиумите, е поддржувач на идејата за поделба на Косово, премиерот изјави дека САД го штитат Косово, а Болтон не ја поддржуваше идејата за поделба.

– За САД Косово е линија на фронтот. Убеден сум дека САД ќе бидат со Косово. Слушнавме многу гласини. Никој во САД не ја поддржува поделбата на Косово, вклучувајќи го и Болтон, рече Харадинај.

Тој повтори дека 100-отстотните царини за увозот од Србија, што минатата година го наметна неговата влада, ќе бидат повлечени само откако Србија ќе го признае суверенитетот на Косово.

– Царините ќе бидат повлечени само по признавањето, рече Харадинај за време на прес конференцијата во Приштина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот