Харадинај: Не се плашам од тужбата на Рама, не му се потчинив ниту на Милошевиќ

EPA-EFE/MALTON DIBRA

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен премиер, Рамуш Харадинај, за албанската телевизија Ора њуз изјави дека не се плаши од тужбата на албанскиот премиер Еди Рама за клевета, зашто, како што додава, не му се потчинил ниту на Милошевиќ.

-Рама мислеше дека со овие тужби ќе ги заплаши луѓето, ќе ги запре. Мислеше дека сите, на некој начин, сме му потчинети. Можеби во Албанија тој го практикува тоа со опонентите и другите. Рама знае дека Милошевиќ не ме покорил ниту мене, ниту моето семејство. Никогаш никој не може да ме потчини за правата на Албанците и на Косово. Јас сум Албанец, не го бранам Косово само за косовските Албанци, го бранам Косово затоа што тоа е историско право на Албанците на Балканот. Албанците се народ кој никогаш не земал ништо од другите. Другите земале од Албанците.Тоа е добро позната и болна историја за тоа колку сме континуирани распарчувани и намалени. Јас припаѓам на таа генерација што сакам да ја сменам оваа логика, изјави Харадинај.

Според него албанскиот премиер Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи заедно работеле на поделба на Косово.

-Јас имам тужба колку што знам, затоа што судот не ме поканил, но не само таа тужба, туку што и да е друго нема да го замолчи правото на Албанците. Тој, неговото лоби и сејмени, интензивно работеа за поделбата на Косово, како што тоа го правеа и Тачи и Вучиќ. Но, за среќа, центрите на одлучување, официјален Вашингтон, безбедносните механизми, оние кои ја спроведуваат геостратегија за стабилност во светот ја сфатија нивната игра. Сум му кажал на господинот Рама и другите, дека границите ги поставија чизмите. Значи, вратовските не можат да ги променат границите кога сакаат, без да се согласат со чизмите. Чизмите поставија граници, рече Харадинај.

Албанскиот премиер Рама, во јануари годинава, поднесе тужба до Основниот суд во Приштина за клевета против Харадинај. Тужбата се однесува на клевета дека Рама наводно се залагал за размена на територии меѓу Белград и Приштина.

Рама во тужбата наведува дека Харадинај во неколку емисии емитувани во октомври минатата година зборувал за размена на територии меѓу Белград и Приштина, обвинувајќи го него дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ ја отвориле идејата за размена на територии.

Харадинај тогаш изјави дека тужбата е неоснована и оти е поднесена само за да се избегне политичката одговорност.

„Тужбата на Рама е сосема без основа и претставува негова политичка диверзија за да се сокрие зад медиумските драми и за да ја избегне одговорноста. Нашиот народ и Косово имаат луѓе кои ќе бидат нејзиниот браник во секој момент, напиша тогаш Харадинај на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот