Харадинај на Твитер повторно ја објаснува денешната акција во Косово

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер уште еднаш се огласи по повод акцијата на специјалните сили на косовската полиција РОСУ.

Тој на Твиер напиша дека станува збор за борба против организиран криминал.

Имено, Рамуш Харадинај рече дека зајакнувањето на владеењето на правото е државен интерес на Косово, како и интерес на целиот регион, односно дека организирањето на криминалот и криумчањето се закана за заедничкиот прогрес.

„Организираниот криминал и криумчарењето претставуваат директна закана за нашиот заеднички напредок, и не треба да бидат поддржани на етничка или било која друга основа. Владата на Србија не би требало тоа да го расипува“, напиша Харадинај.

Харадинај утрово, исто така на Твитер, напиша дека денешната акција на РОСУ се однесува на организираниот криминал, а граѓаните ги повика да останат мирни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот