Харадинај: Косово е на пат да ја совлада пандемијата, треба да се укинат ограничувањата

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

 Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај смета дека Косово е на добар пат да ја совлада пандемијата на Ковид-19 и дека треба да се укинат ограничувањата на слободата на движење и оние кои се однесуваат на бизнисите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај, чија партија е дел од владејачката коалиција, на својата страница на Фејсбук напиша дека „подигнувањето на свеста кај граѓаните во последните недели дава извонредни резултати”.

– Косово е на добар пат да ја совлада пандемијата. Последните недели, подигнувањето на свеста кај граѓаните дава извонредни резултати. И натаму сметам дека ограничувањата на слободата на движење и оние за бизнисите се непотребни. Болеста ќе се совлада со нашата култура на живеење со неа, со водење сметка и грижа за сопственото и за здравјето на другите, напиша Харадинај.

Лидерот на ААК и поранешен премиер бара од Собранието на Косово да усвои пакет за економско закрепнување, со намалување на даноците за бизнисите и други потребни мерки.

– Јас верувам дека нашата земја ќе закрепне, со исправни политики, со мобилизација – наша, на бизнисите и на дијаспората и со поддршка од сојузниците, порача Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот