Харадинај: Кога Србија ќе не признае, таксата ќе се укине

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај повтори дека таксата за српската и босанската стока ќе се укине оној ден кога Србија ќе го признае Косово како држава.

За време на неговата посета на општина Вуштрија, Харадинај го спомнал и прашањето со визите, за што рече дека не е далеку денот кога ќе патуваат во Европа без визи, велејќи дека ова прашање не е поврзано со споменатата такса, пренесува Инсајдери.

– Денот кога ќе е се укинат визите не е далеку. Продолжуваме да работиме, тоа не е поврзано со таксата. Постои барање за нејзина суспензија. Повеќе е како начин за дисциплинирање. Кога Србија ќе не признае, таксата се укинува – рече Харадинај.

Харадинај ја коментираше и посетата на францускиот претседател Емануел Макрон во Србија, при што рече дека односите меѓу Косово и Франција се истите како што биле, на добро ниво на соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот