Харадинај: Ќе одиме на референдум за обединување со Албанија

EPA-EFE/MALTON DIBRA

Лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај при претставување на изборната програма зборуваше за отворените прашања за кој ја обвини ЕУ.

Харадинај рече дека ќе ги поддржи сите институции кои се во служба на Косово. Тој исто така зборуваше за што ќе се случи во Косово за четири или пет години доколку нема напредок.

„Имам прашање за сите вас. Што ќе се случи после четири или пет години ако во Косово нема напредок? Морате точно да разберете зошто ви го поставувам ова прашање. Ако Косово не е пред вратите на НАТО и ако нема либерализација на визниот режим, не постои признавање од членките на ЕУ, ако не сме пред вратите на ОН, што ќе правиме следно, дали ќе прифатиме она што се обидоа да ме убедат, дека Косово е изморено, слабо, дека не може да има војска, енергетска независност, дека треба да го обновиме дијалогот со Србија заради стекнување независност. Дали треба да го прифатам овој епилог? Кој може да го прифати тоа, а ако не го прифати, што тогаш? Мораме ли да прифатиме дека сме во замрзнат конфликт, како што тоа понекогаш го кажува Вучиќ?“, праша Харадинај.

Тој рече дека Косово не може да чека додека другите не се расположени да решат многу отворени прашања.

„Ќе дојде ден кога новиот американски претседател или новиот германски канцелар ќе мора да се изјасни за тоа што ќе му рече на Косово во 2024, 2025 или 2026 година… Очекувајте да направиме нешто. Не го прифативме, ниту оставивме замрзнат конфликтот, ниту прифативме да не раздвојуваат, но ќе одиме на референдум за обединување со Албанија, запаметете го ова. Тоа не е прашање на љубов, веќе пред 20 години дадовме збор на Западот дека сакаме да ја почитуваме заедничката визија евроатлантско Косово да се придружи на ЕУ, да се придружи на НАТО, да стане членка на ОН, да не признае Србија. Ако ЕУ сака да убеди пет земји членки да го променат својот став, а Америка сака да ни помогне да добиеме признавање од Израел, зошто тогаш нашите европски партнери не држат така изолирани, зошто не оставаат на страна и од време на време ни велат дека ние сме виновни за тоа. Немаат ли вина Србија и другите соседни држави, дали тие се совршени? Не можеме да чекаме додека некој не биде расположен да го реши прашањето со Косово“, рече Харадинај.

Извор: Б92

Видео на денот