Харадинај: Измамникот Курти ѝ се предаде на Србија

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај вечерва оцени дека Албин Курти им се  предал на Србите со одлуката да ги суспендира таксите на увозот на сировини од Србија и БиХ.

– Вечерва измамникот Албин и се предаде на Србија. Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово – напиша Харадинај на Фејсбук .

Харадинај, чија влада ја воведе таксата од 100 отсто кон крајот на 2018 година, му порача на Курти и дека денеска е одговорен за „повторно освојување на Косово од страна на Србија“.

Курти: На 15 март ќе бидат укинати таксите за Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот