Харадинај: Изборот на новата Влада е добра вест за Косово

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Тој воедно изрази верба дека „новата Влада успешно ќе се соочи со темите кои се значајни” за граѓаните на Косово.

Досегашниот вршител на должноста премиер на Косово Рамуш Харадинај порача дека вчерашниот избор на новата Влада, која ќе ја води Албин Курти, е добра вест за сите косовски граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај, кој се наоѓа во официјална посета на Соединетите Американски Држави, оцени дека „Косово влезе во нова фаза со формирањето на институциите”, по речиси четири месеци од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври минатата година.

Тој воедно изрази верба дека „новата Влада успешно ќе се соочи со темите кои се значајни” за граѓаните на Косово.

– Посакувам оваа политичка констелација да успее да ги води напред процесите кои се значајни за земјата. Во овие денови јас престојувам во официјална посета на САД, според агенда утврдена многу порано и затоа примопредавањето на мандатот формално ќе се изврши од првиот вицепремиер г. Беџет Пацоли, за што веќе ја авторизирав процедурата. Уште еднаш изразувам верба дека новата Влада успешно ќе се соочи со темите кои се значајни за нашите граѓани, напиша Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот