Харадинај истакна дека членството во НАТО е приоритет за Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај по денешната средба со Меѓуминистерскиот комитет за зачленување и интегрирање во НАТО, порача дека зачленувањето во Алијансата е „државна и граѓанска цел на Косово“, и го постави како приоритет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај за средбата информира преку својот Фејсбук, при што нагласи дека Косово е поставено на страната на демократските земји, во поддршка на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко“.

– Косово ја институционализира аспирацијата за зачленување во Северноатлантскиот пакт со тоа што го стави во функција Меѓуминистерскиот комитет за зачленување и интегрирање во НАТО. Јакнењето на односите, зголемената присутност во Брисел, стратешката комуникација, како и вклучувањето на Косово во партнерски програми, го означува поаѓањето на Косово кон НАТО – напиша Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот