Харадинај: И покрај воените злосторства во Косово, Србија сепак го условува дијалогот

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај учествуваше во дебатата организирана од страна на Демократската институција на Косово кадешто се дискутираше дијалогот меѓу Косово и Србија после берлинскиот самит.

Според „Ботасот“, Харадинај за време на дебатата рече дека Косово е дом за сите.

-Јас сум Албанец затоа што Господ ме создал како Албанец, но мојата држава е Косово, и за еден Србин кој живее во Косово, неговата држава е Косово. Знамето на Косово не е на Албанците, туку на сите оние кои живеат во Косово- истакна косовскиот премиер.

Харадинај исто така нагласи дека Албанците и Србите се соседи и тоа не може да се промени.

-Два соседа можат да изберат дали да живеат во мир или со проблеми, но вистина е дека минатото е полно со проблеми. И покрај годишнините на масакрите јас отидов во Берлин без никакво условување. Ние продолжуваме без условувања, но Србите само измислуваат услови за дијалогот.- нагласи Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот