Харадинај го претстави планот за Северна Митровица

Како контра-одговор на ситуацијата во северот, каде што денеска се затворени сите продавници за продажба на стоки, косовскиот премиер Рамуш Харадинај од Франција најави дека таму ќе бидат отворени привремени пунктови за продажба.

Харадинај реагираше во врска со затворањето на продавниците во северна Митровица.

Косовскиот премиер рекол дека симулацијата на хуманитарна катастрофа од страна на Србија е уште еден неуспешен обид за дестабилизација.

„Во тесна соработка со деловната заедница во Република Косово и по консултации со сите релевантни институции, организиравме отворање на привремени малопродажни пунктови на северот од земјата. Оваа акција, координирана и планирана, има за цел обезбедување на сите елементарни производи за жителите на таа страна”, напишал меѓу другото Харадинај“ –  пренесува Експресс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот