Харадинај го поздрави Договорот потпишан денес во Белата куќа

Рамуш Харадинај
Рамуш Харадинај / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Рамуш Харадинај, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, го поздрави економскиот договор меѓу Белград и Приштина што попладнево беше потпишан во Белата куќа.

Харадинај претходно се закани дека поради несогласување со некои од точките ќе ја напушти владејачката коалиција ако договорот биде потпишан.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека вистинските пријатели секогаш ја разбираат вистинската грижа. Вели дека е задоволен затоа што прашањето за акумулацијата на езерото Газивода е решено на задоволителен начин и додал дека улогата и посветеноста на САД отсекогаш била непоколеблива.

Белград и Приштина објавија дека ги нормализирале економските односи во рамките на преговорите, со посредство на Соединетите Американски Држави, кои, како што наведуваат, вклучуваат преместување на српската амбасада во Ерусалим од страна на Белград и признавање на Приштина од Израел.

Постигнат е историски договор, се огласи Трамп (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот