Харадинај го поздрави договорот Косово-Србија за обновување на железничкиот и патен сообраќај

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај го поздрави денешното потпишување во Минхен на писмото за намери за обновување на железничкиот и патниот сообраќај меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на Твитер, Харадинај порача дека сега е време за „големото финале”, односно конечниот договор меѓу Косово и Србија, со меѓусебно признавање на двете држави.

Тој посебно ја нагласи улогата на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот специјален пратеник, амбасадорот во Германија, Ричард Гренел во водењето и олеснувањето на дијалогот Приштина – Белград.

– Им ракоплескам на визијата и лидерството на Ричард Гренел и на американскиот претседател за водењето и ефикасното олеснување на нормализирањето и функционализацијата на железниците и автопатиштата што ги поврзуваат Косово и Србија. Сега е потребно големото финале, меѓусебното признавање, како што потенцира и американскиот претседател во двете писма од минатата година, напиша Харадинај.

Прочитајте и...  Иванов патува за Австралија на средби со дијаспората

Писмото за намери за обнова на железничкиот и патниот сообраќај меѓу Косово и Србија е потпишано утрово од претставници на надлежните институции на двете земји. На потпишувањето, покрај амбасадорот Гренел, присуствуваа и претседателите на двете држави, Хашим Тачи и Александар Вучиќ.

Претходно, минатиот месец, во Берлин беше потпишано писмо за намери за обновување на воздушниот сообраќај меѓу Приштина и Белград.

Прочитај повеќе

О2 Иницијатива: Зошто нема пријави за загадувачите, како што има за активистите?

Слободен печат

Мицковски негира дека италијанскитен власти реагирале за спречување на акцијата за кокаин

Дојче веле: Молк за астрономските долгови на Америка, ниту Трамп ниту демократските предизвици не трошат многу зборови

Слободен печат

Египетски суд ослободи двајца синови на поранешниот претседател Хосни Мубарак

Слободен печат

Илјадници луѓе во Ханау протестираа против расизмот и радикалната десница

Слободен печат

Мета со порака за протестот на втори март: Сакаме Албанија како цела Европа

Слободен печат

Остави Коментар

9 + шест =

Прочитај повеќе

Системот Панцир С1 стигна во Србија

Слободен печат

Девојка од Ниш се обидела да се спушти од прозор со чаршав, сега е тешко повредена

Слободен печат

Ердоган: Турција ќе дејствува поодлучно во Сирија

Слободен печат

Албанија повторно на „сивата листа” за перење пари, министерката за правда бара повисоки казни

Слободен печат

Протест на жителите на Суводол поради блискиот рудник, од рудникот велат работат според прописите

Мета: Целта на владата на Рама е враќање на диктатурата

Слободен печат