Харадинај една година не разговара со Рама, му порача дека е подобро да работи на признавањето на Косово а не на проблемите меѓу Анкара и Атина

Лидерот на Алијасата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај, за Ора њуз телевизија кажа дека со албанскиот премиер Еди Рама веќе една година не комуницираат.

-Има долго време, повеќе од една година што не комуницирам со Рама. Јас ќе ги почитувам сите институции на Албанија, секако им посакувам на моите албански сонародници да одат напред во своите реформи и на претстојните избори тие ќе одлучат кој ќе управува со земјата, и јас ќе го почитувам тоа,рече тој во емисијата „Темпора” на Сонила Мечо.

Харадинај, кој е поранешен премиер на Косово, го коментираше обидот на премиер Еди Рама да стане посредник меѓу Турција и Грција.

Според Харадинај, наместо да ги решава проблемите меѓу Анкара и Атина, премиерот Еди Рама можел да работи за нови признавања на Косово, подвлекувајќи го фактот дека Грција сè уште не ја признала неговата независност.

-Ја знам дискусијата што ја води Албанија со Грција за морската граница. Ние имаме интерес за унапредување на односите со Грција со цел признавање на незвисноста на Косово од страна на официјална Атина, па затоа во овој случај би било подобро Рама да му помогне на Косово за признавање отколку да биде заинтересиран за решавање на други прашања подалеку. И благодариме на Анкара за признавањето на независноста на Косово и поддршка што ја дава за нас, посочи Харадинај.

Во срдната на јануари минатата година Рама до Основниот суд во Приштина поднесе тужба за клевета против Харадинај. Тужбата се однесуваше на клевета дека Рама наводно се залагал за рамена на територии меѓу Белград и Приштина.

Харадинај оцени дека тужбата нема основ и дека е поднесена само за да се избегне политичката одговорност. Сепак, на почетокот на јули за време на посетата на Приштна Рама ја повлече тужбата.

-Не е дека не е важно за мене, но поважно е она што ќе не обедини сите нас. Со или без тужба, Рамуш не е премиер, политичар за мене, тој е една од историските личности. Значи, судската постапка ќе биде официјално повлечена, рече тогаш Рама во Приштина, по што и го направи тоа.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот