Харадинај: Досега сум единствениот кандидат за претседател на Косово

Рамуш Харадинај
Рамуш Харадинај / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Во ексклузивно интервју за „Темпора” на албанската Ора њуз телевизија, лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и поранешен премиер, Рамуш Харадинај, не ги сокри своите амбиции да стане нов шеф на косовската држава. Притоа тој ги откри неговите и очекувањата на партијата на предвремените парламентарни избори на Косово, што ќе се одржат на 14 февруари.

-Ова е една нова ситуација во земјата. На личен план и на Алијансата имаме промена во нашиот пристап. Во минатото, ААК учествуваше на изборите со свој кандидат за премиер, да речеме мандатар, што имав чест да бидам на двапати. Но, овој пат не се натпреваруваме со мандатар за влада, туку се натпреваруваме за претседател на државата, затоа што по овие избори, во парламентот се избираат и претседателот на државата и владата. Во овој случај, ААК го нуди кандидатот за претседател, што сум јас, но и со програма која се фокусира на економијата и безбедноста, изјави Харадинај .

Додава дека поради потребното апсолутно мнозинство за избор на претседател во Парламентот неопходен е договор со другите партии.

-По изборите, ќе биде потребно апсолутно двотретинско мнозинство во парламентот за избор на претседател. Заради тоа ќе биде потребен договор со некои политички субјекти. Во овој случај победникот на изборите и уште еден, двајца други партнери, рече Харадинај.

Очекува неговата партија да обезбеди повеќе од 20 пратенички места, што според него е реална ситуација, затоа што на претходните избори имале 13 пратеници.

-Имаме стабилна состојба и работиме на терен. Новина е што на овие избори не се кандидирам за премиер, тоа е голема промена. Досега сум единствениот кандидат за претседател и ААК е единствениот субјект со кандидат за претседател, нагласи Харадинај за Ора њуз телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот