Харадинај: Албин Курти е добар измамник

Газета Експрес

Косовскиот премиер во заминување и лидер на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, нема добри зборови за неговиот поранешен партнер во опозиција. Тој го претстави неговиот став за претседателот на Самоопределување, Албин Курти, нарекувајќи го добар измамник, пренесува Газета Експрес. Харадинај рече дека прашањето за национално обединување иницирано од Самоопределување не го сфатил сериозно.

– Исто така, имам сомнежи за нивните економски политики. Економската левица не е во корист на Косово – рече Харадинај.

Првиот човек на АИК ја доведе во прашање искреноста на лидерот на Самоопределување за неговите иницијативи.

– Албин е еден добар измамник. Теоретски ги кажува работите подобро отколку што ги прави во пракса – тоа е моето убедување – изјави Харадинај за ТВ Дукаѓини.

Харадинај рече дека не бил лично измамен од Курти, но според него им верува на кажувањата на неговите поранешни соработници. Тој истото така изјави дека има информации оти барањето на Самоопределување за реципроцитет со Србија е добро примено од Стопанската комора на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот