Харадинај: Ако не ги укинеме таксите на српската роба, тие ќе не признаат

Фото: EPA/Olivier Hoslet

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај за КТВ изјавил дека ако сите политички лидери во Приштина се обврзат со заедничка изјава за тоа таксите на робата од Србија да не бидат укинати „без признавање од Белград“, тогаш тоа и навистина би можело да се случи, смета Харадинај.

– Ако тоа го направиме, ве уверувам дека ќе следува признавање. Добиваме услов за признавање од Србија – тврди Харадинај.

Харадинај рекол и дека внатрешните поделби меѓу политичките лидери ја слабеат полицијата на Косово, како и дека изјавите на лидерите на политичките партии „прават Косово да изгледа инфериорно во однос на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот