Хаотична ситуација во Британија, Корбин бара предвремени избори

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин вчера побара предвремени избори во Велика Британија за да се одблокира застојот околу Брегзит, во момент кога премиерот Борис Џонсон притиска за распуштање на парламентот.

Корбин вети дека доколку неговата Лабуристичка партија победи на тие избори, тој ќе распише втор референдум за излегување на Велика Британија од Европската унија, по првиот што се оддржа во 2016 година, и на кој жителите се изјаснија за излегување на земјата од Унијата.

Новиот лидер на конзервативците и актуелен премиер, Борис Џонсон, не сака да распише избори, но можно е тој, сепак, да биде присилен на тоа доколку не му се изгласа доверба во парламентот.

– Лабуристите веруваат дека одлуката за решавање на кризата околу Брегзит треба да им се препушти на граѓаните, рече Корбин, пренесен од британскиот „Прес асосиејшн“.

Прочитајте и...  Израелците наместо ракети произведуваат респиратори

– Доколку есенва дојде до  предвремени избори лабуристите ќе се одважат и ќе одржат нов референдум, последниот збор да им се даде на граѓаните и да им се понудат веродостојни опции, па и опцијата останување – рече Корбин.

Џонсон вети дека Велика Британија ќе ја изведе од Европската унија до 31 октомври, со или без договор. ЕУ нема намера да го разгледа неговото барање за повторување на преговорите за договор што веќе беше договорен со неговата претходничка Тереза Меј.

Прочитај повеќе

Гаговски: Глупости и небулози без никаква научна потврда се шпекулациите за опасноста од 5Г мрежа

Слободен печат

Јапонија се наоѓа на прагот од прогласување вонредна состојба

Слободен печат

Делови од Карпош и Центар утре ќе останат без струја

Слободен печат

Песков: Русија ќе испрати авион со медицинска и заштитна опрема во САД

Слободен печат

Костадинов: Адаптираме простор за земање брис за детектирање на Ковид- 19 во Валандово

Слободен печат

Стопанска банка ги одложи отплатите до шест месеци

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Израел ќе собира лични податоци од граѓаните во борбата против коронавирусот

Слободен печат

ОН бараат ослободување на мигрантите и бегалците од затвор

Слободен печат

Амир Ор: Струга е на првата линија на културата во светот, овој град е навистина посебен

Слободен печат

САД со предлог за нови претседателски избори во Венецуела

Слободен печат

Калифорнија ќе ослободи 3.500 затвореници поради опасност од ширење Ковид – 19

Слободен печат

Борел: Целосното укинување на таксите кон Србија и БиХ е важна одлука

Слободен печат