ХАОСОТ ВО ХОНГКОНГ НЕ ПРЕКИНУВА: Полицијата влегла во универзитетскиот кампус

Хонгкошката полиција соопшти дека извршила претрес во универзитетскиот кампус поради основано сомнение дека тој простор се користи за правење бензински бомби заради напад врз полициските службеници.

Полицијата наиде на критики поради вчерашниот упад во кинескиот универзитет во Хонг Конг, а дел од медиумите го оценија како напад врз високото образование и знак на влошување на односите меѓу полицијата и јавноста.

Портпаролот на полицијата Це Чун – чунг на денешната прес конференција соопшти дека акцијата била преземена откако дошло до уште еден напад врз полицијата, која обезбедувала пешачки мост покрај кампусот.

Полицијата соопшти дека во текот на вчерашниот ден во Хонг Конг испукала 1.567 канистри со солзавец и 1,312 гумени куршуми. Вкупно се уапсени 142 лица, а 10 луѓе со повреди се хоспитализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот