Хаос во Виена: Специјалци застрелаа пензионерка, нападнала медицинска сестра
Припадници на специјалната единица на австриската полиција ВЕГА, денес во Виена, застрелаа и ранија една постара жена, која ја нападна нејзината негувателка.
Полициска патрола била повикана во 14-та област во Виена, откако 67-годишна жена нападнала медицинска сестра.
Како што пренесуваат австриските медиуми, кога кавгата меѓу двете жени ескалирала, пензионерката за која се верува дека е дементна зела нож, по што негувателката започнала да бега од станот.
Во моменот кога полицијата пристигнала и го виделе нападот со нож, пукале кон жената.
Таа била ранета и со хеликоптер била пренесена во болница.