ХАОС ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Бунт во затвор, убиени 23 затвореници - Слободен печат
ВестиПланета

ХАОС ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Бунт во затвор, убиени 23 затвореници

Умберто Прадо од Опсерваторијата за венецуелските затвори рече дека во бунтот биле ранети и 18 чувари.

Организацијата на заштита на правата на затворениците во Венецуела денеска соопшти дека затворски чувари, за време на бунт во затвор во сојузната држава Португеса , убиле 23 затвореници.

Умберто Прадо од Опсерваторијата за венецуелските затвори рече дека во бунтот биле ранети и 18 чувари.

Тој затвор е 350 километри од главниот град Каракас.Венецуелските власти досега не го коментираа овој инцидент.

Минатата година, 68 затвореници беа убиени во бунт во затвор во Валенсија, од кои многумина изгореа живи.

Критичари велат дека 30 затвори во Венецуела се пренатрупани и со нив управуваат банди, кои се занимаваат со трговија на дрога и оружје.

Инаку, Венецуела се наоѓа во голема криза, која се карактеризира со недостаток на храна и лекови, поради што милиони граѓани заминаа од земјата.

Во исто време, постои жесток политички конфликт меѓу претседателот Николас Мадуро и водачот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател и е поддржан од околу педесет земји, вклучувајќи ги и САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close