Хаос во Торино, Маурицио Сари се скара со управата

По само две кола во новиот шампионат во Серија А, атмосферата во соблекувалната на „старата дама“ е вжештена. Според италијанските медиуми, тренерот Маурицио Сари денеска имал жестока расправија со директорот на тимот, Фабио Паратичи.

Сари најпрво му замери на Паратичи што не успеал да се отараси од играчите на кои тој не смета во новата сезона, како што се Марио манџукиќ, Блез Матуиди, Емре Џан.

Според тренерот тоа веќе придонесе за да се наруши атмосферата во соблекувалната, а врвот на неговата нервоза беше вчера кога Џан откако дозна дека е пријавен за настап во Лигата на шампионите, ги критикуваше сите во кубот.

Иако подоцна Германецот ја смири топката и даде нова изјава, Маурицио Сари збесна и му стави до знаење на Паратичи дека ваквите ситуации ќе се повторуваат и ќе влијаат на тимскиот дух но и на атмосферата во соблекувалната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот