Хаос во Србија: Демонстрантите стигнаа до портите на српското Собрание (ВИДЕО)

Дел од демонстрантите кои учествуваа на вечерашниот опозициски протест „1 од 5 милиони“ во Белград, се пробија до влезната врата на српското Собрание на плоштадот „Никола Пашиќ“, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Притоа дошло до туркање меѓу демонстрантите и обезбедувањето, кога еден демонстрант се обиел да го скрши стаклото на влезните врати со јарбол од знаме, но бил спречен во намерата.

Меѓу демонстрантите пред вратите на Собранието бил и претседателот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ.

Во Белград вечерва се одржува уште еден протест „1 од 5 милиони“, прв во втората година откако започнаа протестите.

Протестите во Србија под овој слоган започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ.

Според нивната стратешка цел и организација, тие се индиректно продолжување на „протестите против диктатурата“ од 2017 година и се насочени против начинот на кој српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја спроведува власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот