ХАОС ВО СПЛИТ: Германци направиле сметка од 600 евра, па уценувале со негативен рејтинг

Илустративна фотографија / Архива на СП

Група германски туристи во Сплит нарачале вечера за 11 лица, а кога им ја донеле сметката, сакале да се „испазарат“ за да платат само пола од сумата.

Тие ги уценувале сопствениците дека ќе им остават негативен рејтинг и лоши коментари на „Трип адвајзор“. Нарачувале месо, риба и пијалаци, а вкупната сметка изнесувала 600 евра. Потоа, се обиделе да избегнат плаќање со тоа што „11 негативни рејтинзи и тоа како ќе влијаат врз прометот“, пишуваат хрватските медиуми.

Но, шокот бил уште поголем откако полицијата не направила записник и легитимирала еден од туристите, а сопствениците ги советувале да покренат приватна тужба. На крајот од денот, туристите заминале без да платат.

Персоналот и сопственикот се сигурни дека ова не е единствен случај во кој некој ресторан, локал или сместувачки капацитет „страда“ поради заканите за негативен рејтинг на социјалните мрежи и „Трип адвајзор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот