ХАОС ВО СКОПСКА БОЛНИЦА: Доктори и медицински сестри нападнати од голема група луѓе

Синоќа во хируршката болница „Климент Охридски“ во Скопје доктори и медицински сестри биле нападнати од поголема група на лица, пренесува А1он.мк

Кога била повикана полицијата да интервенира, инцидентот станал поголем откако групата се нафрлила и врз полицајците.

Инцидентот се случил откако во болницата бил донесен пациент со исекотина на раката, а групата сакала да го заштити и почнала да ги напаѓа вработените. Бил нападнат и персоналот и обезбедувањето, а кога била викната полиција, тие ги нападнале и нив.

По инцидентот, болницата превентивно ги затвори вратите за прием на пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот