Хаос во САД: Повредени пет полицајци, нападната полициска станица, нереди насекаде (ВИДЕО)

epa08455622 A flashbang explodes next to protesters as they face the police on Rodeo Drive during curfew as thousands of protesters take the street to demonstrate following the death of George Floyd, in Beverly Hills, California, USA, 30 May 2020. A bystander's video posted online on 25 May appeared to show George Floyd, 46, pleading with arresting officers that he couldn't breathe as an officer knelt on his neck, in Minnesota. The unarmed black man later died in police custody. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Резултатите на приватната и независна обдукција покажаа дека Флојд почина поради гушење предизвикано од постојан притисок.

Најмалку пет американски полицајци се ранети во пукање во насилните протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во текот на брутално полициско приведување, објави денеска полицијата и медиумите, неколку часа откако претседателот Трамп рече дека ќе испрати војска ако не запрат нередите.

Вашингтон / EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Трамп во понеделникот ја разбесни јавноста објавувајќи фотографија како пред црква ја стиска Библијата откако полицајците со солзавец и гумени куршуми му го расчистија патот до црквата.

Како што објави Си Ен Ен, активирани се 20.000 припадници на националната града во најмалку 28 сојузни држави и Вашингтон.

Сент Пол, Минесота / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Демонстраните го запалија трговскиот центар во Лос Анџелес, ги ограбуваат продавниците во Њујорк и се судрија со полицијата во Сент Луис во Мисури, каде четворица полицајци се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот.

Санта Моника, Калифорнија / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Нападната полициска станица

Командантот на градската полиција рече дека околу 200 демонстрантите „скокаа горе-долу како лудаци“, ограбуваа и фрлаа пиротехнички средства и камења врз полицијата.

„Моравме да ја штитиме полициската станица, фрлаа пиротехника на полицајците“, им рече тој на новинарите. „Што се случува? Како е можно? Господинот Флојд е убиен на друго место, а тие ги уништуваат градовите во целата земја“.

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Еден полицаец е ранет во немирите во Лас Вегас, пренесе АП повикувајќи се на полицијата. Уште еден бил „вклучен во пукање“ во истото подрачје, пренесе агенцијата.

Братот на Џорџ Флојд, Теренсе (во средина) на местото на злосторот / Минесота, Минеаполис, САД / 01 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Братот на Џорџ Флојд, Теренс Флојд се обрати со апел до сите мирно да протестираат, истакнувајќи дека неговиот покоен брат не би сакал ова да се случува на улиците.

– Јас не дојдов овде да дивеам. Не дојдов ништо да кренам во воздух. Не правам хаос во мојата заедница. Што правите вие? Ништо не правите. Затоа што ништо од тоа нема да го врати мојот брат – рече Теренс од местото на злосторството, обраќајки се кон толпата луѓе која се насобра околу него на протестите во Минесота.

Теренс Флојд држи говор на местото на злосторот / Минесота, Минеаполис, САД / 01 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Трамп го осуди убиството на Џорџ Флојд, 46-годишниот Афроамериканец кој почина откако полицаец белец му го приклешти вратот со колено дури 9 минути во Минеаполис на 25 мај, и вети правда.

Говорејќи за демонстрациите против полициската бруталност кои од минатата недела секојдневно прераснуваат во ноќно насилство, рече дека вистинските демонстранти не може да ги надвладее „бесната толпа“.

„Градоначалниците и гувернерите мораа да воспостават сеопфатна полициска присутност додека не се задуши насилството“, рече Трамп. „Ако градот или државата одбијат да преземат акции нужни за одбрана за животите и имотите на граѓаните, тогаш ќе испратам војска и брзо ќе го решиме проблемот“.

Смртта на Флојд повторно предизвика расна нетрпеливост во политички поделената земја која е силно погодена од пандемијата на коронавирус, со тоа што меѓу Афроамериканците диспропорционално има најголем број случаи.

Синоќа пристигнаа наодите од независната обдукција

Синоќа, пристигнаа резултатите од независната обдукција која ја побара семејството на Џорџ Флојд.

Се одлучија на тоа откако стигна службено известување на округот Хенепин, кое покажа дека нема физички знаци кои би потврдиле дека Флојд починал од гушење или давење.

Резултатите на приватната и независна обдукција покажаа дека Флојд почина поради гушење предизвикано од постојан притисок.

Патологот тврди: Тоа е убиство

Обдукцискиот наод, кој го потпиша патологот Алесиа Вилсон, вели дека доказите на телото се поклопуваат со механичко задушување кое во овој случај е причина за смртта.

Таа смртта на Флојд ја нарече убиство.

Д-р Мајкл Бајден го потврди наодот и додава дека Флојд починал поради гушење предизвикано од притисок на вратот и грбот. Бајден вели дека обдукцијата не покажала никаков постоечки медицински проблем кој би ја предизвикал неговата смрт или би придонел за смртта.

Додаваат и дека Флојд бил мртов на самото место.

Резултатите од обдукцијата пред медиумите ги претстави адвокатот Бен Крамп.

Што покажа државниот обдукциски наод?

Во прелиминатниот наод кој го издаде округот стои дека до смртта дошло од комбинација на различни ефекти.

Пишува дека се работи за тоа дека Флојд бил згрчен, дека можеби имал опијати во крвта и во организмот и дека имал здравствени проблеми, вклучувајќи и болно срце. Се додава дека сето тоа придонело за смрт.

„Џорџ починал зошто не можел да дише. Му требаше воздух“, рече адвокатот Крамп.

Адвокатот повика да се процесуираат и другите полицајци

Адвокатот Крамп повика на апсење на сите полицајци кои имале улога во апсењето и смртта на Џорџ Флојд и повика полицаецот Дерек Шовин, кој го држеше со колено на вратот Џорџ Флојд, да се суди за убиство со намера.

„Учествуваа во нешто за што знаеја дека ќе доведе до смрт“, рече адвокатот.

Полицаецот Шовин го држел коленото врз вратот на Флојд 8 минути и 46 секунди.

„Итната помош беше неговата мртовечка кола“, рече адвокатот.

„Немаш никакви други проблеми кои можеа да придонесат за смртта. Полицијата го има тоа лажно уверување дека ако може за зборувате, може и да дишете. Тоа не е така“, рече доктор Бајден.

Братот на Џорџ Флојд повика на мирни протести: Јас не дојдов овде да дивеам (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот