ХАОС ВО ЛОНДОН: Граѓаните ги симнале демонстрантите од воз (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

При денешните протести во Лондон на активистите на еколошката група „Бунт против изумирање“, кои го блокирале железничкиот сообраќај во источниот дел од градот, лутите патници ги симнале активистите од покривот на возот, јавуваат медиумите на Островот.

Тоа се случило на станицата Кенинг Таун кога лутите патници симнале двајца активисти облечени во јакни и вратоврски и со транспарент на кој пишувало: „Работата, како и обично, еднаква на смртта“, според „Скај њуз“.

Активистите се качиле на врвот на возот со скала предизвикувајќи брза реакција на патниците, кои фрлале сендвичи и пијалаци кон нив.

Имало мала расправија кога еден од активистите што останале на перонот го удрил патникот кој сакал да се качи на скалата и да ги симне активистите од покривот, а тој реагирал така што му ја превртел раката и го спуштил на земјата.

Пред да бидат уапсени двајца активисти од покривот физички се судриле со патниците, а човекот што го снимал целиот инцидент добил ќотек од дел од лутите патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот