15 C
Скопје

Хаос во Ливерпул: Спонзорот си замина, капитенот ја нападна управата поради Суперлигата

Состојбата во Ливерпул по одлуката да биде дел од европската Суперлига но и по денешниот ден почнаа да се тресат темелите на „лигата на богатите“ по откажувањето на Манчестер сити, е  хаотична.
Управата на клубот се уште молчи и не ја објаснува одлуката да биде дел од Суперлигата иако за навивачите е кристално јасно, американските сопственици ги интересираат само парите.

Токму затоа вечерва се огласи капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, кој претходно закажа состанок со капитените на сите 20 екипи од Премиер лигата и порача дека не му се допаѓа на одлуката на газдите.
– Не ни се допаѓа и не сакаме тоа да се случи. Ова е нашиот колективен став – порача Хендерсон.

Ливерпул денеска остана и без еден од спонзорите, „Трибус“ одлучи да се откаже од спонзорство на клубот.

„Како глобален партнер на Ливерпул, не можеме да го поддржиме учеството на овој клуб во Суперлигата“, објави „Трибус“.

Поврзани вести

ВИДЕО: ВАР драма во Мадрид, Реал никако да го престигне Атлетико!

Слободен печат

ВИДЕО: „Гранде Милан“, Јувентус демолиран во Торино!

Слободен печат

ВИДЕО: Адеми и Ристовски со „петарда“ до шампионскиот трофеј во Хрватска

Слободен печат

ВИДЕО: Втора титула за Зверев на Мастерс турнирот во Мадрид!

Слободен печат

Начевски: Запрепастен сум, да бидам жртва на еднострана изјава на Бајрамоска без соочување и сведоци??

Слободен печат

ВИДЕО: Тричковски во голгетерска форма го очекува Европското првенство!

Слободен печат

Остави Коментар