ХАОС ВО КАМПОТ ЉУБАНИШТА: Откорнати дрвја, уништени приколки, нема повредени (ФОТО)

Невреме проследено со силен ветер и дожд вчера попладне го зафати и охридското крајбрежје. Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите.

Од фотографиите на еден гостин во кампот се гледа дека од силниот ветер искршени се дрвја, а дел од нив паднале и врз приколките.

Од кампот велат дека нема повредени и дека допрва ќе се утврдува штетата.

НЕВРЕМЕТО ВО ПРЕСПА направи пустош во автокампот Крани (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот