ХАОС ВО ИРАК: Четворица повредени и еден загинат полицаец во судирите на безбедносните сили со демонстрантите – Слободен печат
ВестиПланета

ХАОС ВО ИРАК: Четворица повредени и еден загинат полицаец во судирите на безбедносните сили со демонстрантите

Групите се собраа на плоштадот во текот на ноќта, а меѓу нив имаше и членови на семејствата на убиените демонстранти, соопшти локалната полиција.

Најмалку еден припадник на ирачките безбедносни сили загина во насилните протести кои продолжија во текот на ноќта во Багдад.

Ирачката војска соопшти дека најмалку еден полицаец е убиен, а четворица се ранети кога кон нив пукале непознати напаѓачи во Садр Сити, каде претходната ноќ во судирите загинаа 15 лица.

Групите се собраа на плоштадот во текот на ноќта, а меѓу нив имаше и членови на семејствата на убиените демонстранти, соопшти локалната полиција.

Тие палеа гуми пред зградата на Општинскиот одбор и судницата на плоштадот Мудхафар, а потоа испукаа истрели кон полициските сили.

Повеќе од 110 Ирачани се убиени, а 6.000 повредени во последната недела откако во Багдад и други градови се одржуваат протести против ирачката Влада и корупцијата во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close