ХАОС ВО ГРЦИЈА: Панатинаикос истапи од Лигата

EPA/JENS WOLF

Грчката кошарка е во хаос по денешната одлука на Панатинаикос да истапи од лигата поради „теророт кој го спроведува Олимпијакос“.

Панатинаикос на својот официјален интернет сајт објави дека се повлекува од лигата бидејќи, еден од судиите кои требаше да ја делат правдата на натпреварот Олимпијакос – Промитеас, е заменет на барање на лутиот ривал.

Панатитинаикос овој потег на Олимпијакос го сфати како уцена на која падна Грчката кошаркарска федерација и поради тоа истапуваат од лигата бидејќи не сакаат да бидат дел од натреварување во кое Олимпијакос „спроведува терор“.
Екипата исто така побара и оставка од грчкиот министер за спорт бидејќи не сака да ја презеде одговорноста за случувањата во кошарката.

Ниту Олимпијакос не седеше со скрстени раце и им пиша на челниците на АБА лигата но и на клубовите, барајќи да биде дел од ова натпреварување.

„По нашето писмо од 7 март 2019 година, сакаме да ве информираме за нашата намера да учествуваме во АБА лигата и бараме ваш позитивен глас за време на Собранието на АБА. Јасно е дека АБА лигата во изминатите години направи големи чекори за да се наметне како едно од најпознатите кошаркарски натпреварувања во Европа. Токму затоа, уверени сме дека бренд како Олимпијакос може да биде значајна поддршка за овој проект уште повеќе да добие на квалитет и на реноме“, стои во писмото на Олимпијакос упатено до сите екипи учесници во АБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот