Хаос во Грција, Олимпијакос исфлен во втора лига

EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Грчкиот кошаркарски клуб Олимпијакос нема да се натпреварува во плеј офот, ги известил газдата на клубот Јоргос Ангелопулос, своите играчи и тренери.

Според правилникот на Кошаркарската федерација на Грција, Олимпијакос поради повлекување од плеј офот е исфрлен во втората грчка лига, доколку одлучи да се натпреварува следната сезона.

Олимпијакос во плеј офот требаше да игра против големиот ривал Панатинаикос, кој е и причината за повлекувањето од натпреварувањето. Имено, Олимпијакос бараше судиите Тасос Манос и Панајотис Анастопулос да не им судат во дуелите против Панатинаикос, но Федерацијата го одби нивното барање.

Со овој потег на тимот од Атина, се зголемуваат шансите од наредната сезона да се натпреваруваат во регионалната АБА лигата. Раководните лица на тимот веќе одржаа состанок со челниците на ова натпреварување, а им пишаа и на останатите учесници во АБА лигата, писмо со намери за прием во лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот