Хаос во градинка во Кина: 24-годишен маж уби две деца и повреди 16 лица
Две деца загинаа, а 16 лица се повредени во напад со нож во градинка во јужниот кинески град Беилиу, соопштија денес локалните власти.
Уапсен е напаѓачот, 24-годишен маж, идентификуван од полицијата со презимето Зенг.
Воспитувачи и деца кои биле на попладневната пауза биле мета на нападот, пренесува Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на кинеската државна агенција Синхуа.
Видео на кинеските социјални мрежи покажува крвави деца како плачат, додека некои лежат неподвижни на подот.
Властите не го открија мотивот за нападот, а медиумите во Хонгконг наведуваат дека осомничениот се разведувал со неговата сопруга која работела во градинка.