ХАОС ВО ГИМНАЗИЈА: Ученици се побуниле за оценки, професорот ги шамарал!

До инцидентот во Седмата белградска гимназија дошло по жолчна расправа на учениците од втора година и професорот по физика З.О. заради резултати од писмена, дознава Блиц.

Професорот на часот ги поделил резултатите од писмениот тест, учениците се побуниле заради лошите оценки, сметајќи дека е неправеден неговиот критериум, а најгласна била ученичката Ј.К. Професорот ја опоменал, таа не сакала да се смири, па и удрил шамар. Во нејзина заштита скокнала уште една ученичка, а З.О. и нејзе и удрил шамар!

Потоа настанала општа гужва, ученици скокнале на професорот да ги одбранат другарките, а еден од учениците го удрил професорот.

Врисоците и хаосот ги слушнале останатите наставници и директорот на школото и веднаш влегле во училницата во која се случил инцидентот.

Директорот го одвел наставникот во своја канцеларија, а педагогот останал да ги смири учениците.

Директорот веднаш повикал полиција, а во гимназијата повикана била и Брза помош за да ги прегледа ученичките кои биле шамарани.

Според информациите професорот, кој ошамарил ученички бил одведен од училиштето со полиција, а министерството за образование на Србија известило дека тој поднел барање за прекин на работен однос од лични причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот