ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Силниот ветар остави 222.000 домови без струја

Фото: Илустрација

Најмалку 220.000 домови денеска останаа без електрична енергија во југозападниот дел на Франција, поради силните ветрови со јачина и до 140 км на час, што предизвикаа огромни проблеми, но без посериозна штета.

Според податоците од итната служба, четири лица се повредени откако паднало дрво врз нивните возила, од кои тројца во Нова Аквитанија се со полесни повреди.

Дождот и ветровите во текот на ноќта, на атланското крајбрежје, достигнаа до 143 км на час во Окситанија.

Во дел од ноќта, 400.000 домови останаа без струја, соопшти компанијата за дистрибуција на електрична енергија Енедис.

Од 14 департмента на југозападот, каде вчера беше прогласена портокалова тревога, денеска изутрина во осум од нив портокаловата тревога се уште беше во сила, а посебно во Окситанија поради ветровите и поплавата.

На југоистокот на земјата, долж цела Корзика, во сила беше портокаловата тревога со налети на ветрот од 100 до 130 км на час, а во планините и до 160 км на час, според француската метеоролошка служба. Поморскиот сообраќај кон и од Корзика е сериозно нарушен.

На Алпите се заканува голема опасност од лавина во текот на наредните 24 часа, предупреди Метео Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот