ХАОС ВО ДУБАИ: Големи поплави, откажани летови на еден од најпрометните светски аеродроми

Фото: Твитер

Како што изјавија официјални лица, поплавени се пистите како и делови од терминалите во аеродромот.

Силните дождови во Дубаи предизвикаа големи поплави, поради што еден од најфрекфентните светски аеродроми „Дубаи Интернешнл“ бил принуден да ги откаже сите летови.

Како што изјавија официјални лица, поплавени се пистите како и делови од терминалите во аеродромот.

На видеата објавени на социјалните мрежи може да се видат поплавени улици, блокирани патишта и гужва во сообраќајот.

Некои коментираат дека ова е најлошо невреме што го погодило Дубаи во последните 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот