Хаос во Боливија, петмина убиени

Политичката криза во Боливија ескалира откако безбедносните сили отворија оган кон приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес, при што загинаа најмалку пет лица, а повредени десетина.

Повеќето од загинатите и повредените во градот Сакаби се здобиле со прострелни рани, изјави директорот на болницата.

Демонстрантите и роднините на жртвите се собраа на местото на настанот, извикувајќи, „Граѓанска војна, сега!”.

Ево Моралес, на кого му беше даден азил во Мексико, откако поднесе оставка како претседател на Боливија, на Твитер напиша дека се случил масакр.

Демонстрантите соопштија дека полицијата пукала кога насобраните граѓани се обиделе да пробијат контролен пункт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот