ХАОС ВО БЕЛАТА КУЌА! Трамп повеќе нема да биде претседател на САД?!

Правниот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот на САД ја усвои резолуцијата која е подготвителен чекор за процедурите неопходни за започнување на импичмент на Доналд Трамп.

Во текстот на резолуцијата се наведуваат формалните правила за повикување сведоци по повод главното импичмент прашање: Дали шефот на државата ја попречувал истрагата на поранешниот обвинител за „руско мешање“ Роберт Милер.

За резолуцијата гласаа 24 конгресмени демократи , а против беа 17 републиканци. За реално отворање на процедурата импичмент, демократите ќе мораат да истапат со свое обвинение против Трамп и за тоа да добијат мнозинство во Претставничкиот дом.

Американските медиуми велат дека демократите веќе составуваат список на обвиненија против Трамп, но дека наводно во тоа не ги поддржува раководството на Претставничкиот дом.

Трамп формално може да го обвинат за попречување на правосудството, злоупотреба на власта, махинации во финансирањето на изборната кампања и за незаконско богатење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот