Хаос во Атина: Маж се заканил дека ќе се разнесе пред парламентот

Возилото на уапсениот Грк пред парламентот во Атина/Фото Тwitter @ekathimerini

Полицијата во Грција денеска го прекина сообраќајот пред парламентот во центарот на Атина, откако маж со камион паркирал на тротоарот пред зградата и се заканувал со резервоар со пропан и шише гас.

Полицијата го уапсила човекот кој управувал со камионот и го идентификувала како 58-годишен земјоделец, наведувајќи дека можеби страда од проблеми со менталното здравје, објави грчкиот весник „Катимерини“.

58-годишникот утрово околу 10 часот со својот камион застанал пред Собранието на плоштадот Синтагма и се заканил дека ќе се разнесе.

Ова доведе до итно затворање на околните улици и мобилизација на специјалистите за отстранување бомби.

Експертите не пронашле експлозивна направа кај човекот, ниту во неговиот камион.

Натписот „Турците владеат со Грција. Докази внатре” бил видлив на страната на возилото, објави АП.

Тензиите се зголемиле меѓу Грција и Турција во последните недели поради споровите околу поморските граници и правото за истражување на нафта и гас во источниот Медитеран.

Тензиите продолжуваат: Турција го принуди на повлекување кипарскиот истражувачки брод во Медитеранот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот