ХАОС ВО АТИНА: Кошаркарски судии нападнати во такси, Ламоника заврши во болница

twitter/Tek Yol FENER

Еден од најпознатите европски кошаркарски судии, Луиџи Ламоника беше нападнат по натпреварот од Евролигата помеѓу Панатинаикос и Барселона.

Инцидентот се случил на пет километри од ОАКА салата во Атина, Ламоника и останатите двајца судии кои ја делеа правдата на натпреварот со такси си заминале кон хотелот.

Такси возилото било пресретнато од мотор на кој имало две лица, тие му го пресекле патот на возилото, потоа го скршиле задниот прозор од таксито, повредувајќи го Ламоника.

Целата случка траела дваестина секунди, потоа напаѓачите побегнале во непознат правел, а таксито веднаш се упатило кон најблиската болница, каде на италијанскиот арбитар му била укажана прва помош по што бил пуштен да си оди.

Со полициска придружба тој и останатите судии биле вратени во хотелот. Засега не е јасно дали инцидентот е предизвикан поради делењето на правдата на натпреварот и дали напаѓачите биле навивачи на Панатинаикос.

Панатинаикос загуби од Барселона со 81:92, а домашните кошаркари беа бесни на арбитражата во последната четвртина, што Барса ја доби со 12-25 и на тој начин ја обезбеди победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот