Хаос во Албанија: Приврзаниците на Бериша тргнаа да се пресметаат со приврзаниците на Баша

Тензиии и хаос во седиштето на албанската опозициска Демокатска партија/ Фото: МИА

Тензиии и хаос во седиштето на албанската опозициска Демокатска партија, откако поранешниот лидер Сали Бериша со група приврзаници насилно влегоа во просториите, во кои актуелниот лидер Љуљзим Баша одржуваше средба со претставници на Форумот на млади.

-Во еден момент имаше вербална пресметка меѓу двете страни, оние кои за лидер го признаваат актуелниот, Баша и оние кои се за Бериша. Имаше навреди, омаловажувања и обвинувања, по што состојбата се смири. Приврзаниците на Бериша ги запоседнаа столчињата и почнаа седница во коридорот на зградата, пренесува агенцијата Балкан веб.

Бериша, кој на 11 декември одржа Национално собрание на кое го разреши Баша од функцијата, при влегувањето во партиското седиште, рече дека договор со Баша во вакви услови нема да има.

-Во вакви услови договор со Баша нема. Тој мора да ги почитува одлуките донесени на легитимното собрание од 11 декември. Баша останува само обичен пратеник и член на парламентарната група на ПД, рече Бериша, придружуван од повеќе актуелни пратеници.

Националниот совет на партијата вчера му даде безрезервна подршка на Баша а одржаното собрание на Бериша го оцени како нелегитимно.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот