Хаос пред српското Собрание: Обезбедувањето спречи тепачка меѓу Обрадовиќ и Лончар (ВИДЕО)

Лидерот на српската партија Двери, Бошко Обрадовиќ, неколку пратеници и симпатизери на партијата ги „блокирале“ денеска скалите на влезот на Собранието во Србија.

Во еден момент дошло до буткање на Обрадовиќ и министерот за здравство Златибор Лончар, кој доаѓал на седницата на Собранието.

Обрадовиќ и поддржувачите на Двери држеле транспаренти „Доле влада“, „Дали короната зависи од изборите“, „Не може Ѓурѓовден, но избори може“, носеле знамиња на Србија и на партијата и довикувале дека претседателот на Србија го „издал Косово“.

Тие, пред почетокот на седницата, ги блокирале скалите на влезот во Собранието, дувајќи во свирки и не дозволувајќи на пратениците да влезат.

Во еден момент за малку ќе настанела тепачка, бидејќи некои пратеници сакале да влезат во Собранието, каде би требало да почне нова седница.

Во Собранието кратко пред 10 часот дошол министерот за здравство, Златибор Лончар, а во еден момент лидерот на Двери со свирка му се доближил на лицето на министерот, кој настојувал да го држи на растојание.

Обезбедувањето застанало меѓу двајцата, за да не дојде до поголем инцидент, а потоа министерот Лончар влегол во Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот