ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ: Колони возила чекаат за влез во Србија

Долги колони возила чекаат да ја поминат границата македонско-српската граница. Како што јавува читател на „Слободен печат“, за влез во Србија се чека повеќе од еден час. Според фотографиите кои ни ги испрати читателот, на граничниот премин нема само колони од возила, туку и од камиони.

Слична беше ситуацијата и минатиот викенд.

 

Инаку на 26 август, на овој граничен премин премиеот Зоран Заев и српската премиерка Ана Брнабиќ, го означија официјалното започнување на заеднички контроли на овој граничен премин популарно „one stop shop“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот