Хаос на граница: Во судири со кинеската војска загинаа 20 индиски војници
Двете земји се обидуваат да го решат несогласувањето околу границата од почетокот на 90-тите, но без успех.
Најмалку 20 индиски војници се убиени во судар со кинеските војници на границата на двете земји, соопшти индиската војска.
Војската на Индија соопшто дека двете страни се раздвоиле во спорното подрачје Галван, каде во текот на ноќта се судриле, пренесе АП.
Индиската војска првобитно извести дека загинале тројца нејзини војници, за потоа да соопшти дека уште 17 војници им подлегнале на повредите.
Кина ги обвини индиските сили дека извеле провокативни напади на нејзините војнции и не соопшти дали некој од нејзините војници загинал.
Според наводите на неименуван извор од индиската влада, војнциите се судриле со железни шипки и камења, а ниту еден куршум не е испукан, пренесе Ројтерс.
Ова е прв судир меѓу двата азиски гиганти од 1975 година,.
Спорната граница опфаќа речиси 3.500 километри кои двете земји ја нарекуваат Линија на реална контрола.
Двете земји се обидуваат да го решат несогласувањето околу границата од почетокот на 90-тите, но без успех.
Од тогаш, војнциите на двете држави често се конфронтираат долж границата, кој се протега од Ладаха на север до индиската држава Сиким на североисток.